Свет

Наследникот на Меркел: Не верувам во задолжителна вакцинација, Бундестагот на нозе против најавените ковид мерки

 

Moderate Armin Laschet becomes new CDU leader in election year –  EURACTIV.com

БЕРЛИН – Германските политичари од целиот политички спектар денес го критикуваа предупредувањето на Хелге Браун, шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, дека можеби е потребно да се воведат ограничувања за невакцинираните лица доколку се зголеми бројот на заболени од ковид-19 во следните месеци.

Тоа прашање ги подели дури и членовите на Христијанско-демократската унија на канцеларката Меркел, пренесе АП.

Армин Лашет, кандидатот кој треба да ја замени Ангела Меркел, рече дека во моментов е против какви било формални или неформални барања поврзани со вакцините.

„Не верувам во задолжителна вакцинација и не верувам дека треба да извршиме индиректен притисок врз луѓето да се вакцинираат“, рече тој во интервју за германската телевизија ЗДФ.

И другите политичари се со слично мислење.

Гувернерот на Баден-Виртемберг, Винфрид Кречман, член на Зелените, истакна дека варијантата делта и другите што може да се појават може да ги направат попривлечни барањата за вакцинација.

Тој истакна дека не може да ја исклучи можноста за задолжителна вакцинација за сите времиња.

„Секако, потребни ни се стимулации за да постигнеме највисока можна стапка на вакцинација“, изјави Марко Бушман, водач на парламентарната група на Слободните демократи, за новинската групација Redaktions Necverk Deutslland

Меѓутоа, рече тој, ако е вистина дека невакцинираните лица кои биле тестирани или закрепнale од вирусот не претставуваат поголема опасност од вакцинираните, наметнувањето такви ограничувања на невакцинираните лица би претставувало кршење на нивните основни права.

Ролф Муцених, шеф на парламентарната група на социјалдемократите, изјави за мрежата  дека политичарите треба да се фокусираат повеќе на вакцинирање на граѓани кои го сакаат тоа отколку на казнување на невакцинираните.

Related posts

Leave a Comment