Ударна Вест

НАЈНОВА ВЕСТ : Гранатирана амбасадата на САД во Багдад

Image result for us embassy in baghdad

Извештаите за ракетен напад врз американската амбасада во Багдад дојдоа откако Иран вети силна одмазда за убиството на високиот воен претставник генерал Касем Сулејмани.

Ракета oд Каќуша падна во зелената зона на американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на локалната полиција. Според безбедносни извори, нема дополнителни информации за можните жртви.

Претходно, дописникот на БиБиСи, Нафишех Коханард, на својот профил на Твитер објави дека е извршен ракетен напад врз амбасадата на САД во Багдад.

Експлодирала ракета во дворот и го блокирала патот што води кон влезот во амбасадата.

Во меѓувреме, беше објавено дека се слушнале две експлозии во ирачката престолнина, но не е јасно што ги предизвикало.

Американски воени хеликоптери беа видени на небото над Багдад, непосредно по звукот на експлозијата.

За потсетување, командантот на Иранската револуционерна гарда, Касим Сулејман, беше убиен вчера во американски воздушен напад во Багдад.

Related posts

Leave a Comment