Историја

На денешен ден пред 65 години почина Методија Андонов Ченто

На денешен ден во 1957 во Прилеп умре Методија Андонов Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ.

Апсен е и осудуван за борба за слободна Македонија.

На 15 април 1945 Ченто е избран за прв претседател на Македонија.

Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата, со лишување од слобода 11 години.

Умре како маченик, а беше рехабилитиран во октомври 1990 година.

Related posts

Leave a Comment