БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ СО КЛЕШТИ ИМ ГИ ОТКОРНАЛЕ НОКТИТЕ, ИМ ГИ СЕЧЕЛЕ ПРСТИТЕ И ИМ КИНЕЛЕ МЕСО ОД ТЕЛАТА НА МИРЧЕ И СТРАШО ВО СКОПСКИОТ ЗАТВОР!
На денешен ден, 4 јануари 1943, во Скопскиот затвор, после сурово и нечовечко мачење од страна на бугарските фашистички ѕверови, се УБИЕНИ МАКЕДОНСКИТЕ СИНОВИ МИРЧЕ АЦЕВ И СТРАШО ПИНЏУР.
По повеќедневно ѕверско измачување без судски процес, наjпрво умира Страшо Пинџур, а истиот ден поради тоа што не кажал ниедно име и не предал никого, бугарските фашисти го убиваат и Мирче Ацев.
Кога Мирче Ацев бил однесен на погреб во Прилеп, неговите блиски виделе дека му биле откорнати ноктите од прстите, некои прсти му биле исечени, а бугарските ѕверови дури му кинеле и месо од телото, што предизвикало огромен револт кај Македонците кои дошле на неговиот погреб.
Бугарските ѕверови кога виделе колкав е револтот кај МАКЕДОНСКИОТ НАРОД од погребот на Мирче Ацев, никогаш не го покажале телото на Страшо Пинџур, и до ден денес не се знае неговиот гроб.
Партизанскиот леток во кој беше опишана нивната смрт, откако 5 дена беа ѕверски мачени од фашистите:
„… Мирче Дончов Ацев и Страхил Пинџуров се мртви. Они не умреа како што умира секоj смртен човек, ами беа на најѕверски начин мачени и претепани… па после утепани. На колку хиљади чесни Македонци им се дига косата кога ќе го види Мирчета во болничка мртвачница и во Прилеп кога го закопуваа со исечени прсти, со извадени нокти и искинато месо од коските. Македонските мајки, татковци и сестри виделе ногу свој синови и браќа мачени и утепани, но досега вакви ѕверства и нечовечно мачење немаја видено. Вака не мачеле ни турските јаничари, башибозлуци и крџалии… Додека Пинџурот го скрија да не се гледаат неговите искршени коски, оти поучени од Мирчевиот случај, виде како за резилок стануват во очите на народот…“
ВЕЧНА ВИ СЛАВА ХЕРОИ МАКЕДОНСКИ!!!!