На денешен ден 9 јули 1913 година загинува еден од најголемите македонски синови и “главниот непријател на Андартите , Османлиите , АрнаутитеОсманлии и на Грковласите ” столбот на Македонската борба во Костурско , Леринско , Корешијата и Преспанско надвојводата ,,Васил Чакаларов .
Војвода – Ослободител на Невеска и Клисура во илинденското востание, Војвода ослободител на Костур и Лерин во првата балканска војна.
Македонија има многу голготи кај месноста “Лакото” на планината Вичо . Лакото ќе остане запаметена не само како место каде се водени најголемите борбите од Костурските и Леринските чети за слобода на страдалната Македонија ,туку и место каде загинува еден од најголемите македонски синови “главниот непријател на Хеленизмот” столбот на Македонците во Костурско , Леринско и Преспанско – Васил Чакаларов кој загинува кај месноста “Лакото” помеѓу селата Бел Камен и Невеска. Васил Чакаларов обединил многу Македонци , Мачедонарамани ( староседелци Власи Мачедони) , Бугари и Тракијци доброволци во неговите чети. Голем дел НеМакедонци ги направил и Војводи зошто со искрена желба се бореле за слободна Македонија. Вечна ти слава Војводо.