Македонија

На новото рочиште за „Монструм“ се читаат СМС пораки

Судење за Монструм

 

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ продолжи читањето на 133 илјади СМС пораки поврзани со петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Дел од СМС пораките кои беа прочитани меѓусебе ги испраќале обвинителот Џелал Бајрами и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Разговорите датираат од месец април, неколку дена по убиството.

Бајрами му кажува на Ахмети дека се уште чекаат информации, нема силни докази, но дека е јасно оти убиството го сториле професионалци.

,,И на премиерот му реков. Не се случувало наши вака да егзекутираат деца од зад грб. Ако некој сакал дестабилизација ќе нападнел униформирани лица, полициска станица… Мене ми наликува на сцени од војната во поранешна Југославија. Биле професионалци, не оставиле никакви траги, освен на трагите на гумите од автомобилот,му вели Бајрами на Ахмети”

Тогаш Ахмети го прашува дали имало биолошки траги внатре, на што Бајрами одговара дека се најдени две, кои не одговараат на оние кои досега биле испрашани.

Related posts

Leave a Comment