ХРОНИКА

Унгарија – Седум загинати во несреќа предизвикана од камион од Србија

 

Седум лица загинаа утрово во близина на Сегед кога камион проби низ ограда, премина во друга лента и удри во два автомобила, соопшти унгарската полиција.

Несреќата се случила утрово околу 02:30 часот во близина на градот Балаш, на 146-от километар од автопатот М-5, што води од граничниот премин Реске-Хоргош до Будимпешта.

Камионот ја пробил оградата и преминал во спротивната лента, каде се судрил со две возила со странски регистарски таблички.

Унгарските медиуми јавуваат дека станува збор за камион со српски регистарски таблички.

Седум патници во автомобилите загинале на лице место додека возачот на камионот не бил повреден, јавуваат унгарските медиуми.

Автопатот беше затворен во двата правци до 11 часо, а возилата беа пренасочени кон други насоки.

Related posts

Leave a Comment