Свет

На чекор до војна: Најмалку 28 кинески ловци и бомбардери влетаа во Тајванскиот воздушен простор!

Taiwan claims 'severe provocation' after China military drills | Financial  Times

Најмалку 28 кинески авиони, вклучувајќи ловци и бомбардери кои можат да носат нуклеарно оружје, влегоа во зоната за идентификација на ПВО на Тајван, соопшти денеска тајванската влада.

Според тајванското Министерство за одбрана, во кинеската мисија учествувале 14 авиони Ј-16 и шест ловци Ј-11, како и шест бомбардери Х-6 кои можат да носат нуклеарно оружје, како и други видови авиони.

Министерството додаде дека тајванските борбени воздушни сили се испратени да ги пресретнат и да ги одвратат кинеските авиони, а ракетните системи се распоредени да ги следат.

Кинеското Министерство за одбрана не одговори на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.Статусот на Тајван е „црвена линија“ за Пекинг, бидејќи го смета за негово „внатрешно прашање“ исто како и Хонг Конг.

Related posts

Leave a Comment