ФилмФудбал

На Ќерката на Марадона, Наполи и забранува влезот на стадионот: „Не ме пуштаат, а му го дадоа името по татко ми“

Cenapop · Filha de Maradona posta foto antiga e desabafa na web: "Sinto sua falta"

Ќерката на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона , Далма, снима документарен филм посветен на „Божјата ќерка“ за нејзиниот живот. Како дел од филмот, Далма сакала да посети неколку локации низ светот, за да заврши во Наполи – кој ја остави вратата затворена.

Далма планирала да сними еден вид филм за тоа како и било да живее покрај Диего, но оваа приказна, како и многу приказни за самиот фудбалер, не може да биде едноставна.

Една од локациите која беше пожелна за снимање е стадионот кој сега го носи името на нејзиниот татко „Диего Армандо Марадона“, меѓутоа, Наполи реши да ја затвори вратата од својот дом за оваа девојка.

– Наполи е последната станица на моето патување. Преку локалната продукциска куќа Бронкс го побаравме потребното овластување за снимање на стадионот, но Наполи ни кажа не. Не можев да верувам, па ги замолив да се обидеме повторно.

– Овојпат одговорија со многу краток мејл без никакво објаснување. Потоа го побарав и го добив телефонскиот број на Аурелио Де Лаурентис, претседателот на клубот, кому му напишав порака во која го објаснував целиот проект. Ја виде, но не ми одговори – изјави Далма за Газета дело спорт.

Марадона остави многу длабока трага во Наполи, кој реши да му подари статуа пред стадионот. Сепак, Далма тогаш жестоко го критикуваше Наполи, обвинувајќи го дека сака да профитира од неговото име.

– Ништо не ме израдувало повеќе од можноста да присуствувам на почитта на мојот татко во Наполи, кој долги години беше негов дом во Италија, но тие само сакаат да профитираат од неговото име и јас нема да го дозволам тоа. Навивачите што ги сакам немаат врска со тоа, другите се корумпирани.

Related posts

Leave a Comment