Свет

Небензја: Украинските сили подготвуваат провокации со отрови

василиј, беинзија

ЊУЈОРК – Украински вооружени формации подготвуваат провокации со употреба на отровни материи, за подоцна да ја обвинат Русија за тоа, изјави денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН Василиј Небензја, постојаниот претставник на Русија во таа организација.

„Според достапните информации од руското Министерство за одбрана, украинските вооружени формации активно подготвуваат провокации со употреба на отровни материи со цел да ја обвинат Русија за наводна употреба на хемиско оружје“, рече Небензја, пренесува РИА Новости.

Тој истакна дека украинските националисти донеле околу 80 тони амонијак во селото Золочив, северозападно од Харков, ноќта на 9 март.

„Веќе на 10 март, украинските медиуми почнаа да шират информации за методите на заштита во случај на хемиски напади. Така што нема сомнеж во која насока се развива идејата. Згора на тоа, нашите американски колеги однапред сугерираат кој ќе биде виновнил за опасниот развој“, додаде рускиот дипломат.

Related posts

Leave a Comment