МакедонијаПолитика

Нема ЕУ нема НАТО. Време е за други, вистински опции за Македонија-партиско соопштение на Родина

 

Како што и целиот македонски народ длабоко во себе знаеше, целиот предавнички процес на однадвор наметнатата нелегитимна Хунта преку нелегален пуч, не беше за никакви членства некаде и некогаш ниту пак за подобрување на благосостојбата на македонскиот народ.

тоа уништување на државата Република Македонија чиј носител е тој, за да може безидентичната и безимена територија да биде лесно распарчена меѓу соседите. И сето ова не е само “академско” прашање за занимавање на масите со теледебати на платенички квазиинтелектуалци туку ќе има и вистински консеквенци кога не си стопан на својот имот. Ќе бидеш вечно роб или ќе бидеш исчистен засекогаш од прадедовските огништа ако не е согласуваш со ропството.

Вчерашното одбивање на ЕУ за почеток на разговори (не членство, туку некој си почеток на нешто без датум за негово завршување) со Северџанија – која една рака странски одработувачи ја продаваа како универзален лек за сите “болести” – го потврдува тоа. И со големиот успех на суверенистичките партии на ЕУ изборите во мај, ова само уште повеќе ќе биде случај. Ниту ќе се примаат нови членки туку некои дури и ќе излезат (Италија прв кандидат после Британија) а ЕУ ќе биде преокупирана со внатрешни борби кои ќе резултираат со нејзино распаѓање.

И истото ќе се случи и со НАТО, каде членството дури и не е поврзано со економски бенефиции туку со обврски за плаќање рекет на белосветскиот воен криминалец за “заштита”. Оти како што ти вели самиот рекетар, се бидува, може некој ноќе да ти фрли тула во прозорецот, пренесувајќи ти меѓу редови дека тој ќе биде тој што тоа ќе го направи скришум во ноќта ако не платиш.

Се ова се случува во исто време кога сме сведоци на процут на алтернативен мултиполарен економски и безбедносен систем чии главни носители се Русија и Кина и ред други довчерашни “земји во развој” а сега економски сили со огромен раст, Индија, Турција итн.

И оваа идеја за сојузи на суверени нации и држави победува на глобален план, без разлика дали ние тоа го сакаме или не. И иднината на секоја суверена Европска нација како Македонската е во ЕвроАзиските интеграции преку ЕвроАзиската Економска Унија (ЕАЕУ), Новиот Пат на Свилата, Шангајската Организација за Соработка (ШОС) и слично. Тоа е иднината кон која се престројуваат и Италија и Германија и Франција кои веќе знаат дека со ЕУ е завршено.

Хунтата ја уништи Македонската демократија прво со анти-уставен пуч и второ со плукање врз волјата на македонскиот народ кој на референдум кажа НЕ за промена на име за членство во ЕУ, НАТО. Уривањето на демократијата има консеквенци за самите уривачи и тие скоро ќе ги почуствуваат.

Сите оние продадени квазиинтелектуалци, мегафони, рент-а-експертутки кои две-три години трубат “ќе се налапаме пари” само да го шитнеме името, државата и идентитетот, секој ден се повеќе сами се соголуваат во нивните лаги.

Вистината е, никој не те прави роб за да те збогати. Затоа придружи се во Родина за да бидеме меѓу првите кои ќе го направат овој геостратешки избор и учествувај во создавањето легитимна платформа која ќе ја представува Македонија во овие нови големи геостратешки редефинирања.

Делегитимирај ја однадвор наметната Хунта со бојкот и нека се слушне твојот за нив небитен македонски глас преку вистинска Македонска опција на неизвалкани чесни патриоти на кои татковината им е на прво место.

 

Соопштение на иницијативата за политичка партија Родина.

 

www.rodina.org.mk

Related posts

Leave a Comment