Свет

Немири на улиците на Вашингтон – судир меѓу приврзаниците на Трамп и Антифа (ВИДЕО)

EPA / GAMAL DIAB

Вашингтон – Во Олимпија, главниот град на сојузната држава Вашингтон избувнаа судири меѓу приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп и членовите на Антифа.

 

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа како приврзаниците на Трамп во судирот со членовите на Антифа, левичарска организација која беше присутна на многу протести во Америка во последните години, ги користат американските знамиња како орудие со кое удираат по противниците.

Пријавено е и пукање, а снимките покажуваат дека некои од учесниците во конфликтот имале оружје во рацете.

Полицијата соопшти дека уапсило лице кое е осомничено дека пукало со огнено оружје за време на немирите, пренесе РТ.

За време на судирите, група маскирани демонстранти фрлија солзавец.

По интервенцијата на полицијата, ситуацијата се смири, а припадниците на безбедносните сили останаа на должност на улиците.

Related posts

Leave a Comment