ДЕЛЕГАЦИЈА од американски пратеници допатува во ненајавена посета на Тајван, последната група високи функционери од земјата што го посетија островот и покрај лутиот одговор на Пекинг на ваквите посети.
Де факто амбасадата на САД во Тајван соопшти дека осум пратеници, предводени од Стефани Марфи, демократ од Флорида, која е член на Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом, ќе останат до петок како дел од поголемата посета на индо-пацифичкиот регион.
„Делегацијата ќе се сретне со високи тајвански лидери и ќе разговара за односите меѓу САД и Тајван, регионалната безбедност, трговијата и инвестициите, глобалните синџири на снабдување и други важни прашања од заемен интерес“, се додава.
Кина спроведе различни вежби во близина на Тајван по посетата на Пелоси
Кина го смета самоотцепениот Тајван за своја територија, отфрлајќи ги силните приговори од владата во Тајпеј. Кина минатиот месец спроведе воени вежби во близина на Тајван по посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси и оттогаш ги продолжи своите воени активности околу островот.
По нејзината посета Тајван го посетија и други американски претставници, како и гувернерот на американската држава Аризона.