Новоименуваниот американски амбасадор во Србија, Ентони Годфри, беше снимен пред неколку дена на прошетка по Калемегдан и во посета на црквата Ружица. Во видеото објавено на социјалните медиуми, амбасадорот Годфри се крсти со три прсти. Ваквиот гест наиде на многу позитивни коментари на Фејсбук, а многумина се прашуваа дали американскиот амбасадор во Србија се обратил во Православие или тоа го прави за да ја почитува верската традиција.
– Не се обратив во Православието, но татко ми беше под длабоко влијание на византиската традиција и од тогаш остана да се крстам во православен стил, со три прсти – раскажува амбасадорот Годфри.
Ентони Годфри стана амбасадор на САД во Србија кон крајот на минатиот месец, заменувајќи го неговиот претходник Мајкл Скат.