Колумни

ТОМЧЕ ШИРКОВ : РЕВОЛУЦИЈА НА СВЕСТА

                                                        Револуција на свеста

Не постојат надворешни ослободители, додека не се ослободи секој, прво самиот себе си. Потоа да ги ослободи својте ближни, своето село, па град и на крај својата земја и народ. Слободата е најскапоценото нешто и затоа вреди за нејзе да се бориш целиот свој живот.

И да се бориш да ја зачуваш откако ќе ја достигнеш или откако некој татко, дедо ќе ти ја подари! А ние сакавме (велам сакавме, да не биде ептен апла сакавте) инстант да бидеме слободни, но станавме инстант робови. Сакавме слобода да патуваме, слободно да заработуваме илјадници евра, слободно да освојуваме Кандахари, и други нафтени полиња за “Туѓи бели дворови“ и така слободно да ги укинуваме туѓите слободи.

Ама глобално со помош на НАТО и евроатланските структури. Во таа наша “ слободна проценка“ се случи токму спротивното“

Да, станавме робови на : Соседни вештачки држави, на рекетари, владици, педери…на мафијата која има соспствен државен апарат, и на поголемата мафија која има сопствен Билдерберг и Трилатерална комисија. До толку сме поробени што Курдите и Палестинците за нас се “бели гулаби на слободата“. Ние, Македонците немаме право да бидеме тоа што сме- Македонци, немаме право јавно да кажеме како е името на нашата милениумска татковина и не смееме да спомнеме дека е извршен тотален културен геноцид и етноцид врз цел еден европски народ. И тоа не било кој народ. Туку оној спомнат во Библијата и светите списи на скоро сите стари цивилизации. Првите Христијани во Европа. Ние станавме Индијанците на јужна Европа. Со таа капитална разлика, што американските индијанци имаа право да живеат сами во своите резервати.

Нас во нашиот резерват-“Norden Terithory“ ќе ни населат други племиња кои треба и физички да не збришат од лицето на земјата. Е сега чаре? Борба ! Отпор, така? Сите нешто се борат кој како знае и умее… Што рекле старите наши : Ко рогови во вреќа, или што рекле Италијаните на Дуче : Tuti Albaneze-Tuti Comandanti. Но тоа и не ме загрижува толку. Највеќе ме загрижува резигнацијата, индоленцијата и малодушноста на мојот народ. Народот кои освојувал до Индија; Народот кој ја описменил и просветил пола Евроазија; Народот кои имал држави на три-четири мориња и кои преживеал 3-4 империи , сега ќе ја изгуби борбата без борба! Сепак има и такви што се бориме, а нашата борба ме потсетува на “Титаник“ и трите групи патници.

1)Тврдат дека Титаник е непотоплив и се расправаат дека нема шанси да потоне во услови кога веќе е откриена и втората пукнатина, дупка.

2) Група која разбира дека тоне и ќе има колосални последици и илјадници жртви, но не превзема ништо за спасувачка експедиција, туку постојано дига паника и го зголемува метежот. 3)Група која знае дека ќе потоне, но е прибрана. Има знаење и спасувачки вештини.Но наместо веднаш да ја започне спасувачката експедиција, тие одат и ги уверуваат првите две групи, да започнат со пумпање чамци, спремање елеци и спасување.

Во тој процес немаат успех ниту да ги уверат првите, ниту вторите да ги смират и истите да сватат дека има спас… Единствено си го губат драгоценото време, кое им е преостанато да спасат некого што бара да биде спасен или барем себе си. Затоа почитувани браќа и сестри да почнеме да се спасуваме тие што сакаме да бидеме спасени. И ние и нашата напатена мајка Македонија.Сите сме еднакви во различноста, да се обединиме за МАКЕДОНИЈА .

Со Македонија постоиме и живееме. Без неа вегетираме и одумираме. Македонци, Македонски за Македонија. Спасот е во РЕВОЛУЦИЈА НА СВЕСТА. Револуција во ставовите, револуција на личниот однос кон поединецот и кон колективната свест. Свест за опстојот на нашиот народ и држава. Револуција на егото и суетата со цел поголемо Добро за сите. Културна, развојна и политичка револуција . Револуција на сите Македонци -ОБЕДИНЕТИ! “ Револуцијата не е зрело јаболко кое ќе падне кога ќе му дојде времето“ Треба ти лично да посегнеш по нејзе и да ја набереш за подобро утре.“- Che Comandante 12.11.2019

Томче Ширков

Related posts

Leave a Comment