Свет

Новиот балистички проектил на Северна Кореја сличен на рускиот Искандер

Претходните извештаи наведоа дека двата проектили што  С. Кореа ги тестираше во четвртокот беа надграден тип на балистички ракети со краток дострел KН-23, кои Пјонгјанг  ги тестираше на пролет

 

 

Два проектили за краток дострел, тестирани од Северна Кореја оваа недела, се слични на тактичкиот ракетен систем  Искандер според нивните оперативни карактеристики, објави во петокот новинската агенција Јонхап, гласило на Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Балистичките проектили што ги тестираше Пјонгјанг се слични на рускиот 9K720 Искандер систем (НАТО име: СС-26 Стоун) и се способни да летаат до околу 600 километри, објави новинската агенција.

Централната новинска агенција на Северна Кореја (КЦНА) во петокот објави дека водачот на КНДР, Ким Јонг-ун, “ја водеше демонстративната операција на тактичкото воено оружје од новиот тип во четвртокот”. Како што објави Северна Кореја, новите проектили се одговор на плановите на Сеул да распореди нови системи за оружје и да одржи воени вежби на Корејскиот полуостров.

Јапонската новинска агенција Кјодо во петокот објави дека двата проектили што ги тестира Северна Кореја во четвртокот беа надграден тип на балистички ракети со краток дострел KН-23, кои Пјонгјанг веќе ги тестирал во мај.

Заедничкиот началник на Генералштабот на Јужна Кореја во четвртокот објави дека Северна Кореја лансираше два проектила со краток дострел на исток кои паднале во Јапонското Море. Јужнокорејското Министерство за одбрана смета дека еден ракетен проектил летал околу 690 километри, а другиот 430 километри. Јужнокорејската војска не отфрли дека еден од тестираните проектили може да е од нов вид.Ниту еден од проектите што ги лансираше Северна Кореја не ја достигна специјалната економска зона на Јапонија во Јапонското Море. Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека новите проектили на Северна Кореја не претставуваат директна закана за националната безбедност на земјата, но вети дека ќе го задржи блискиот контакт со САД и Јужна Кореја по ова прашање.

Related posts

Leave a Comment