Македонија

Ново заразени 22 лица,бројката се искачи на 241

Вкупно 22 нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во изминативе 24 часа, соопшти министерството за здравство.

Со последните податоците бројката се искачи на 241 случај, од кои тројца се излекувани, а четири се починати.

Од новите 22 случаи, девет се во Скопје, по три лица се во Струга и Куманово, по две лица во Тетово, Дебар и Прилеп и еден случај е регистриран во Битола.

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден тестиран е и персоналот на Клиниката за кардиологија и сите тестови се негативни.

Според местото на живеење, досега состојбата по градови е следна: Скопје (143), Дебар (45 од кои 2 починати), Куманово (20 од кои 1 починат), Штип (8), Прилеп (8), Тетово (4), Охрид (3), Велес (3), Струга (3 од кои 1 починат), Кавадарци (2), Гостивар (1) и Битола (1).

Related posts

Leave a Comment