Свет

Нов биланс: 79 мртви во експлозија во Сомалија

Нов биланс: 79 мртви во експлозија во Сомалија 1

Сомалиските власти соопштија  дека 79 луѓе загинале во експлозија на автомобил-бомба во Могадишу.

Претходниот биланс беше 76 мртви.

Властите соопштија дека околу 125 луѓе се повредени и  дека меѓу жртвите имало студенти.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но се тврди дека станува збор за исламистичка група наречена Ал Шабаб, позната по нападите врз сомалиските безбедносни сили, како и на хотелите и другите области во главниот град.

Сомалија не ја контролира својата територија од 1991 година, и е погодена не само со децении на војна, туку и од циклуси на жед и глад.

Ситуацијата започна да се подобрува  од август 2011 година, кога членовите на Ал-Шабаб беа протерани од Могадишу, но организацијата поврзана со Ал Каеда сè уште има под контрола голем дел од јужниот дел на Сомалија и се обидува да се врати во главниот град.

Related posts

Leave a Comment