Овие руски дипломати и нивните семејства се NON GRATA за македонските власти, а за нас секогаш ќе бидат добри луѓе и наши пријатели без разлика на околностите.
Безбедно ги спроведовме до македонско-српската граница, им посакавме добар пат, здравје, успех, среќа и да се видиме повторно во некој подобри времиња велат Ноќните Волци.
Се огласи и руската амбасада во Македонија. Тие на социјалните медиуми изјавија:
Им благодариме на нашите пријатели за помошта при испраќањето и безбедното спроведување на нашите колеги, кои на 15 април неоправдано беа прогласени за «персона нон грата».
Многу ја цениме поддршката на народот на земјава.