Македонија

ОДРЖАН ПРОТЕСТОТ ЗА СЛОБОДА НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ (ФОТО-ВИДЕО)

Се одржа семакедонскиот протест, како што беше најавен, под мотото „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите“ од кој произлезе барањето за ослободување на затворените за крвавиот упад во Собранието од пред 4 години.

„Слобода за Игор Југ, за Ченто, Пешов, слобода за Митко Чавков”… Со вакви транспаренти, македонски знамиња и скандирања за правда за обвинетите од случајот 27ми април, се одржа протестот под мотото “Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите”. Со истата маршута како пред четири години на протестите “За заедничка Македонија”, протестот започна од Владата, а заврши пред Собранието каде имаше силно полициско обезбедување. Химната таму ја отпеа единствениот кој од судот доби ослободителна пресуда за собраниските инциденти, Игор Дурловски.

Пресудите да се укинат, а судиите кои донеле неправедни политички одлуки да одговараат – порача Дурловски кој рече дека до државниот врв, меѓународните организации и странските амбасади ќе испратат Декларација за неправедно осудени патриоти.

Протестот беше најавен како “семакедонски”- го организираа неколку здруженија, семејствата на осудените, а присутни беа граѓани и од други градови.

Поддршка за протестот дадоа и неколку политички партии: Родина Македонија, Десница на Љупчо Палевски, ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

 

Можно е да е слика од 3 people, including Violeta Petkovska, луѓе кои стојат и надвор

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе кои стојат и road

Можно е да е слика од 1 лице, стоење, гужва и road

http://

http://

 

http://

Related posts

Leave a Comment