Македонија

Оливер Спасовски : Македонија нема да дозволи транзит на мигрантите затоа што ни соседите не ги сакаат

 Оливер Спасовски

Политиката на Македонија досега беше да се дозволи мигрантите да минуваат, но сега нема да им биде дозволен влез затоа што тоа е политика на сите земји во регионот, рече премиерот на Македонија, Оливер Спасовски

Поради мигрантската криза на турско-грчката граница, Спасовски соопшти дека е прогласена вонредна состојба во Македонија и дека се зголемении воените и полициските сили на јужната граница со Грција.

На прашањето дали македонската влада има план за мигрантите по изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за херметичкото затворање на јужната граница на Србија, Спасовски рече дека е очигледно дека транзитот на мигрантите повеќе не е опција.

“Вие знаете дека ние веќе прогласивме вонредна состојба, дека ги засиливме полициските и воените сили на јужната граница. Врз основа на информациите што ги добиваме од нашите служби, партнерските служби исто така ја следат ситуацијата. За сега ситуацијата е стабилна и нема зголемен број на имигранти кои би можеле да влезат на македонската територија но сепак, ставот е дека ќе имаме нула толеранција  “, истакна Спасовски.

Тој потсети дека, до сега, политиката на Македонија беше да им се овозможи на мигрантите да транзитираат и дека досега земјата ја градеше политиката на две основи.

„Едната основа на тоа поле беше европската политика во оваа област и другата, регионалната соработка, што е заедничка за сите земји во регионот. Ние нема да можеме да се соочиме со мигрантскиот бран, освен ако сите не направиме заеднички план, одлуки и да соработуваме едни со други. “, Заклучи Спасовски.

Related posts

Leave a Comment