Во проповедта по богослужбата во Успенскиот собор на Кремљ, ПАТРИЈАРХОТ Московски и на цела Русија Кирил го повика народот да се собере околу владата и да не дозволи странски центри на моќ да ја уништат независноста на Русија.
„Денес на нашиот народ особено му е потребно внатрешно единство. Не е сè лесно околу нашата татковина… И затоа нашиот народ денес треба особено да се собере околу овој историски центар на цела Русија – околу градот Москва, сфаќајќи дека нашата сила е само во единството, ние сме силни сè додека ние сме обединети, се додека имаме вера „Во нашите срца, додека сме инспирирани од големиот пример на нашите претходници, Русија дотогаш ќе биде непобедлива“, изјави поглаварот на Руската православна црква, пренесе Интерфакс.
Претходно, патријархот Кирил на сите верници им го честита претстојниот празник Велигден, повикувајќи ги да покажат вистинска љубов кон ближните во денешната слика на светот и да не подлегнуваат на обидите да се уништи единството меѓу православните христијани.