Кошарка

Повреда и крај на сезоната за Леброн Џејмс! (ФОТО)

Еден од најдобрите кошаркари во светот и ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.

Тоа официјално го потврди раководството на Лејкерс и тоа во соопштението кое го потпиша претседателот на кошаркарски операции Меџик Џонсон.

Оваа одлука морала да се донесе, за да може кошаркарот да оздрави за наредната сезона.

„По консултациите со тимските доктори и медицинскиот персонал, решивме Леброн да не игра до крајот на сезоната. Тоа ќе му даде во целост да оздрави, а тоа е најдобро за идните успеси, како за Леброн, така и за Лејкерс“, пишуваат во соопштението од Лејкерс.
Лејкерс до крајот на сезоната има уште шест натпревари, а иако нема да игра, Леброн ќе патува со тимот на гостувањатао во Њу Орлеанс и Оклахома.

Related posts

Leave a Comment