Свет

Поддржувачите на Трамп не признаваат пораз : Три лица повредени за време на протестите во Вашингтон (ВИДЕО)

Уапсени се дваесет лица, а пријавен е барем еден инцидент со прободување при судир меѓу приврзаниците на Доналд Трамп и противниците за време на протест во Вашингтон.

Според „ Вашингтон пост“ , едно лице било избодено со нож во тепачка меѓу две големи групи.

Двајца полицајци се повредени, а за време на протестот се огласија и неколку аларми за пожар.

По конфликтот, Трамп побара полицијата да ја заврши својата работа и ја нарече левичарската група Антифа „ѓубриња“.

Пред конфликтот илјадници демонстранти маршираа во близина на Белата куќа од каде се упатија кон зградата на Врховниот суд.

Постоеше загриженост дека може да дојде до конфликт затоа што во близина се собраа и противниците на Доналд Трамп, кои се собираат од протестот на „Црните животи се важни“.

Новинар на Sky News објави дека полицијата се судрила со членови на Антифа на плоштад во близина на Белата куќа.

Related posts

Leave a Comment