Свет

Пожарите беснеат во Австралија – тројца загинати, илјадници евакуирани

Три лица загинаа, четворица се водат како исчезнати, а најмалку 150 куќи се уништени во пожари што беснеат во источна Австралија, соопштија властите.

Повеќе од 80 пожари избувнаа во источна Австралија а илјадници луѓе се евакуирани, пренесува Ројтерс .

Премиерот Скот Морисон предупреди дека бројот на загинатите може да биде поголем и дека припадниците на војската може да бидат ангажирани за гаснење на пожарите.

Противпожарните служби вчера издадоа рекорден број предупредувања.

Овогодинешната сезона на пожари, која започна пред летото, е една од најтешките до сега кои ја зафатиле Австралија.

Related posts

Leave a Comment