Регион

Помпео: САД сакаат Грција да го предводи Балканот

 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Соединетите држави сакаат Грција да го предводи Балканот и да „создава стабилност во целиот регион“. Во синоќа објавеното интервју за атинската телевизија Скај, Помпео кој во минатата недела беше во Грција изјави дека е уверен оти Грција ја свртела страницата и дека има вистинска можност да го покрене својот развој. На прашањето дали Соединетите држави се „вратија“ на Балканот, Помпео одговори потврдно, напомнувајќи дека новата одбранбена соработка со Грција не се однесува само на американските бази. Тој исто така рече дека САД прават се што можат за да ја спречат Турција да се одалечи од Западот.

Related posts

Leave a Comment