Свет

Бомбашки напад уште на почетокот на повлекувањето : Мотоцикл експлодира додека американците ја напуштаат северна Сирија!

Едно лице е убиено денес во бомбашки напад  во градот Азаз во северна Сирија, контролиран од исламистите , поддржани од Турција, јавуваат турските медиуми.

Турскиот Си-Ен-Ен објави дека две лица се повредени кога експлодирал мотоцикл полн со експлозив.

Нападот дојде откако американските сили започнаа да се повлекуваат од позициите долж границата со Турција, отворајќи го патот за турската офанзива.

Азаз некогаш беше под контрола на сириските Курди, противници на Турција.

Related posts

Leave a Comment