Свет

Потпретседателката на САД ќе отпатува во Азија, да се бори против ,,кинеското влијание”

Американската потпретседателка Камала Харис ќе ги посети земјите од Југоисточна Азија за да спречи натамошен раст на кинеското влијание во регионот, што ќе ја направи првата американска службеничка на ова ниво што ќе го посети Виетнам.

Советникот за национална безбедност на американскиот потпретседател Фил Гордон рече дека Виетнам и Сингапур се приоритетни дестинации за турнеја низ Пацификот.

„Потпретседателката ќе работи на зајакнување на лидерството на САД во регионот, проширување на безбедносната соработка и продлабочување на економските партнерства, особено во Јужното Кинеско Море, каде што ќе работиме со нашите пријатели и партнери за да ги зачуваме нашите вредности“, рече Фил Гордон.

Патувањето на Камала Харис се очекува да трае од 20-26 август.

Потсетуваме: односите САД-Кина се влошија од почетокот на администрацијата на Доналд Трамп, и продолжуваат до денес, што не е изненадувачки, бидејќи за време на неговата изборна кампања, актуелниот претседател Џозеф Бајден вети дека ќе се фокусира на Азија и Пацификот. На 27 јули, за време на говорот во канцеларијата на директорот на националната разузнавачка служба, тој истакна дека сегашна Кина не ги крие своите намери да стане апсолутен светски хегемон во блиска иднина.

Related posts

Leave a Comment