Фудбал

ПОЧИНА ВУКАШИН ВИШЊЕВАЦ, КРЕАТОРОТ НА ШАМПИОНСКАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ВАРДАР

 

Денеска во 80-та година од животот, почина Вукашин Вишњевац, поранешниот тренер на Вардар кој ја креираше шампионската генерација на „црвено-црните“. Тој беше предводник на Вардарци во периодот од 1983 до 1984 година кога се формираше онаа генерација која подоцна ќе дојде до шампионскиот пехар во поранешна Југославија.

Покрај Вардар, Вишњевац ги предводеше и екипите на Ровиљ, Истра, Сараево, Вележ, Олимпија и Леотар.

Беше тренер на репрезентацијата на Југославија која настапи на СП во Шпанија 1982 година. Во 2010 година издаде спортска биографска книга со наслов „Од талент до ас – како?“. Ова е своевиден водич на младите тренери.

 

извор Спортмедиа

Related posts

Leave a Comment