Свет

Почина големиот Мајстор на Малтешкиот Ред, Џакомо Дал Торе

PREMINUO VELIKI MAJSTOR MALTEŠKOG REDA: Fra Đakomo je bio 80. princ a u ovaj viteški red je primljen 1985. godine

Суверениот Малтешки витешки ред во средата објави дека на 75-годишна возраст починал големиот Мајстор, Џакомо Дала Торе дел Темпио ди Сангуинето.

Дала Торе почина „неколку минути по полноќ, откако пред неколку месеци му беше дијагностицирана неизлечива болест “, се вели во соопштението на Суверениот Малтешки витешки ред.

До изборот на наов голем мајстор, водач на редот ќе биде Големиот комтур на редот Руј Гончало До Вале Пехото де Вилас Боас, како гувернер, се додава во соопштението

Дал Торе е роден во Рим во аристократско семејство и предавал книжевност и историја на уметност на Папскиот универзитет Урбаниана во Рим.

Тој беше примен во Малтешкиот ред во 1985 година.

Витешкиот ред е основан во Ерусалим во 11 век. По падот на сите упоришта на крстоносците во Светата земја, редот се пресели во Кипар, потоа во Родос, а по османлиското освојување на Родос во Малта, со која владееше до 1798 година и Наполеоновото освојување на Малта.

Суверениот Ерусалимски, Родоски и Малтешки витешки хоспитален ред „Свети Јован“, кое е полното име на редот, е меѓународно признат субјект кој издава патни исправи и има дипломатски односи со над 100 земји и Европската унија, но нема територија освен своето седиште во Рим.

Малтешкиот ред, кој денес се занимава со хуманитарна работа, според сопствените податоци има 13.500 машки и женскии членови и околу 120,000 почесни, .

Редот е независен од Ватикан, но големите мајстори му полагаат заклетва на папата.

Поради конфликт со папата, претходникот на Дала Торин, Метју Фестинг поднесе оставка во 2017 година, на барање на папата.Фестинг се судри со папата поради разрешувањето на Големиот секретар на Редот,  кој допушти учество на редот во програмите за делење кондоми поради спречи на ширењето на СИДА во Африка и Азија.

Related posts

Leave a Comment