Свет

Почнаа операциите за заземање на градовите Харков, Славјанск и Авдеевка (ВИДЕО)

СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи известуваат за жестоки конфликти на три фронта, во Харков, Славјанск и во близина на Авдеевка.

-Почнува операцијата за ослободување на Славјанск, жестока е битката во селото Богородичкоје кое се наоѓа на 15 километри од Славјанск, пишуваат мештаните. Артилериjата дејствува, вооружените сили на Украина и националните баталјони разнесоа мост во воздух.

Се наведува и дека се води битка меѓу Еремовка и Студенок, дошло до експлозија на мост, штетата се уште не е позната.

Да потсетиме, Славјанск (ДНР) херојски се бореше против нацистите и беше завземен од вооружените сили на Украина во 2014 година.

Во Харков продолжуваат жестоките судири

Очевидци на интернет пишуваат дека областите на градот опфатени со битките се претвораат во пекол .

„Сега е многу жешко на Гагарин“, додаваат жителите.

 

БЕСНИ НОЌНИ БИТКИ НАЈАВААТ ПЕКОЛНО УТРО: Почнаа операциите за заземање на градовите Харков, Славјанск и Авдеевка (ВИДЕО)

 

Подготовки за напад на утврдена украинска линија

Тешка канонада и експлозии во близина на Доњецк: Руските трупи и војниците на ДНР почнаа со подготовки за напад на утврден појас на Вооружените сили на Украина.

Градот Авдеевка кај Доњецк беше заземен од вооружените сили на Украина и националните баталјони во 2014 година и се претвори во вистинска тврдина. Главниот град на ДНР – Доњецк е гранатиран од територијата на овој град веќе осум години.

 

Related posts

Leave a Comment