Македонија

ПО ИНТЕРВЕНЦИЈАТА ОД ,,КАЛЕТО” МИЦКОСКИ ГО ОСТАВИ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НА НЕКОИ ДРУГИ ГЕНЕРАЦИИ

По сугестијата на амбасадата на САД во Македонија до раководството на ВМРО ДПМНЕ да не го користи наративот околу преспанскиот договор во кампањата за предстојните парламентарни избори,лидерот  Христијан Мицкоски го препушти враќањето на уставното име на некои други генерации.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, последнава недела ја смени реториката за Договорот од Преспа. Во неколкуте изјави на оваа тема тој користи внимателно одбрани зборови со кои се обидува да одржи континуитет со претходно искажаните ставови, некои фрази познати од минатото воопшто не ги спомнува, а додава нови (фрази) со кои ги намалува очекувањата на овој план по евентуално доаѓање на власт. Во надолното степенување, Мицкоски на вчерашната прес-конференција стигна до таму што можната промена на Договорот од Преспа ја остави за некоја идна генерација.

„Единствен проблем во оваа држава не е Договорот од Преспа. Јас би сакал да зборувам повеќе за ‘Луј Витон’ ташните, за оној скандалозен избор на врховни судии во текот на вчерашниот ден, за бизнис-интересите на фамилијата, за 106. место на Транспаренси Интернешнл, за ‘Економист’ каде сме водечки во одлив на мозоци, за хибриден режим, за тоа колку медиуми се затворени, тоа е реалноста. Исто како што реалноста е тоа што вие го кажавте (н.з. Договорот од Преспа). Ние не можеме да ја игнорираме оваа реалност. Но, онаа неправда што е нанесена и која чувствуваме дека е неправда, демократски и европски е да се бориме да ја смениме. Дали ќе успееме, времето ќе покаже. Дали ние ќе успееме или некоја идна генерација, времето ќе покаже. Сигурно и нашите предци кога се бореле за сопствена држава, исто сонувале, гинеле, војувале и во туѓи војски за да создадат држава овдека. Еден век потоа, се создала таа држава. Не можете да им забраните на луѓето да сонуваат, оставете ги нека сонуваат и нека се борат да ја исправат неправдата што мислат дека им е нанесена“, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата во партиското седиште.

Уште еден сегмент од истата прес-конференција оди во прилог на анализата за промената во јавниот пристап на Мицкоски кон темата за името. Тој воопшто не соопшти став за потегот на министерката во техничката влада, Рашела Мизрахи, избрана на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, со враќањето на паното во Министерството за труд и социјална политика со претходното уставно име.„Би ве охрабрил прашањето да го упатите директно до министерката и убеден сум дека ќе добиете вистински одговор“, рече Мицкоски, избегнувајќи да се произнесе за одлуката на Мизрахи.

Related posts

Leave a Comment