Свет

ГЕРМАНСКИ АНАЛИТИЧАР : Вазалите на САД и НАТО се подготвуваат за војна против Русија!

 

Вазалите на САД и НАТО се подготвуваат за војна против Русија, како што покажува вежбата „Бранител на Европа 2020“, пишува Марко Мајер за германскиот „Контра магазин“.

„Повеќе пати пишував за понатамошните подготовки на НАТО пактот да ја нападне Русија, втората операција Барбароса, кодно име за инвазијата на нацистите врз СССР во 1941 година. Околностите ме натераа повторно да пишувам, особено во јануари. Американците и нивните НАТО вазали ги започнаа најголемите воени вежби во Европа во изминатите 25 години. Кодно име за оваа операција е „Бранител на Европа 2020“, но можеме да ја протолкуваме и како „Напад на Русија 2020“. Всушност, тоа би било подготовка за напад врз Русија споредлива со нацистичката инвазија во 1941 година, во која беа убиени 27 милиони советски граѓани и безброј многу повредени додека се западно од Урал беше уништено “, пишува германскиот новинар,на кој нималку не му се допаѓа, дури ни како помисла, хипотетичко вежбање напад на Руската Федерација.

Сепак, не е сè безначајно во овие тврдења. Американските генерали и официјални лица неколку пати го спомнаа Калининград како можна област за одржување на оваа операција, која би се спровела со цел да се дадат изговори за инвазија. За ова пишуваа корпорацијата РАНД, Стратфор, како и неколку планови на Пентагон, дизајнирани да ја „воздржат и одвратат руската агресија“.

Меѓутоа, бројот на можни сценарија е ограничен само со нивната фантазија и вештини.

Овие конвенционални воени вежби се надополнети со повлекување на Соединетите држави од неколку договори за нуклеарно оружје со цел САД да имаат целосна слобода во развојот и употребата на нуклеарно оружје, што ќе го користат според нивната „Национална стратегија за одбрана“ било кога и било каде во Вашингтон да видат прикладност за употреба на истото. Нема ограничувања или пречки, вклучително и намерата да се започне првиот нуклеарен удар. Јасни цели се Русија и Кина. „Оската на Тихиот океан“, што ја започнаа Американците пред неколку години, е дел од оваа подготовка што врши притисок врз Кина и и се заканува на Русија.

Како и да е, новите вежби ги вознемирија Москва, како и Минск, кои веднаш се согласија за договор за купување руска нафта и гас вчера и ги отфрлија „великодушно понудените американски молекули на слободата “, иако по повисоки цена од руските енергенси.

Белорускиот министер за одбрана Андреј Раков истакна : „Воениот контингент на НАТО, кој се наоѓа во соседството на Белорусија за време на Атлантската резолуција, се зголеми за 13 пати во последните шест години, од 550 на повеќе од 7.000 војници, а бројот на единици со тешка воена опрема е зголемен за пет пати. Вежбите „бранител на Европа 2020“ ќе бидат организирани на територијата на десет земји, меѓу кои Полска и Балтичките републики кои граничат со Белорусија, и ќе има околу 37.000 војници, меѓу кои и 20,000 од Соединетите држави “.

Тој исто така рече дека „бројот на вежби на НАТО во близина на белоруската граница и бројот на персоналот вклучен во овие вежби е повеќе од двојно зголемен во последните пет години. „Источниот фронт на НАТО, исто така, ги зголеми трошоците за одбрана. Во последните пет години, воениот буџет се зголеми за 30 проценти во Полска, дури 2,5 пати во Литванија и три пати во Летонија. Естонија послушно ја постигна својата цел и од 2017 година издвојува 2% од својот бруто-домашен производ на „одбрана“ и набавка на воена опрема на САД.

Related posts

Leave a Comment