Свет

ПРВИ СНИМКИ ОД РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА РУСКАТА ВОЈСКА ВО ДОНБАС: Хаубици и оклопни возила минуваат низ улиците

PRVI SNIMCI RASPOREĐIVANJA RUSKE VOJSKE U DONBASU: Ulicama prolaze haubice i oklopna vozila

Руската армија, која вечерва влезе во Доњецк, почна да се распоредува низ оваа област која од вечерва со указ на рускиот претседател е призната како држава.

На снимката што се појави вечерва од Доњецк се гледаат оклопни возила БМД-2 и 4 што ги користат руските падобранци како рикаат по улиците на Доњецк.

Исто така, низ градските улици се довлечени хаубици од 152 мм MSTA-B и камиони полни со војници.

Очевидци велат дека артилериското гранатирање стивнало во моментот кога преку социјалните мрежи се дознало дека Русите почнале да навлегуваат во Доњецк, до кој се приближуваат се повеќе воени возила.

 

Related posts

Leave a Comment