Свет

Преображение на Крим, Крим, Руска земја

Темата за Крим не престанува да ја интересира меѓународната заедница. Од повторното обединување на полуостровот со Русија, многу новинари од различни земји го посетија Крим, заинтересирани за промените кои се случија таму. Ова прашање е се поактуелно во пресрет на прославата на 7 – годишнината откако Крим е во сосав на Русија.

Може да се забележи дека по промената на јурисдикцијата, Кримјаните веднаш почнаа да ги чувствуваат квалитативните промени во животот на полуостровот. Развиена е федерална целна програма, во чии рамки се случија најзабележителните позитивни промени во инфраструктурата на Крим. Активно почнаа да се градат патишта, училишта, болници, како и други инфраструктурни објекти, кои што жителите на Крим не ги виделе со години, за време на својата „независност”. Полуостровот доби мост преку теснецот Керч, федерален автопат „Таврида“ со вкупна должина од повеќе од 250 километри, како и нов воздушен терминал. Покрај тоа, во многу градови на Крим, постепено се спроведува и врши реставрацијата на историските, реконструкцијата на дотраените и изградбата на нови инфраструктурни објекти. И покрај „блокадата на електричната енергија“ од страна на Украина, прашањето за енергесткото снабдување на полуостровот конечно е затворено со изградба на сопствени термоцентрали. Покомплексниот проблем со водоснабдување на регионот, кој исто така се појави поради непријателските акции од страна на Украина, која го блокираше северно-кримскиот канал, се решава позитивно.


Како што можеме да видиме, санкциите не претставуваа пречка за брз развој на полуостровот. Од повторното обединување на Крим со Русија, и покрај силниот надворешен притисок, економијата на полуостровот е зголемена двојно. Во регионот е создадена Слободна економска зона. Главниот двигател за развој на полуостровот стана туризмот, кој покажа рекорден раст. И покрај притисокот на западните и киевските власти, Крим во последните неколку години станува се попривлечен за странските инвеститори. Веќе неколку години се одржува Меѓународниот економски форум во Јалта, кој помага да се привлечат странски инвестиции во регионот. Сепак, санкциите остануваат главниот фактор кој го ограничува бројот на инвестиции на полуостровот. И покрај формалната независност на западните приватни компании, тие се принудени да ги почитуваат „политичките препораки” кои ги дава власта. За тоа време, големите меѓународни компании држат прст на пулсот, чекајќи го моментот кога ќе се реши ситуацијата и санкциите ќе бидат укинати!
Денес Крим е се уште меѓу заостанатите региони на Руската Федерација. Но, поинаку не можеше да биде, поради лошата состојба на Крим кога беше дел од Украина, која апсолутно не правеше ништо за развојот на регионот.


Гледајќи го минатото на Крим, можеме да видиме дека полуостровот имал бурна и крвава историја. Од крајот на 18 век до средината на 20 век, Крим бил под руска власт. После Втората светска војна во 1945 година, Кримската АССР (Кримска Автономна Советска Социјалистичка Република) беше трансформирана во регион. Полуостровот брзо ја обновуваше својата економија, познатите летувалишта активно се развиваа. Во 1954 година, според чудна одлука на првиот секретар на Централниот комитет на КПСС (Комунистичка Партија на Советскиот Сојуз), Никита Хрушчов, Крим од РСФСР (Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република) официјално влезе во состав на Украинската ССР. Советскиот народ не и давал апсолутно никаква важност на таквата одлука бидејќи секој живеел во единствено, братско семејство на народите на Советскиот Сојуз. Најверојатно, таквата одлука имала некаков економски карактер. На пример за погодност при контролирање на инфраструктурните проблеми: снабдување со вода и електрична енергија, регулирање на сообраќајот, итн.
По распадот на СССР во 1991 година, проблемот со Крим се појавува со нова итност. Населението на Крим продолжува да се чувствува како дел од Русија, а не како дел од новоформираната млада украинска држава. Изненадувачки е тоа што не земајќи ги во предвид желбите на Кримјаните, регионот сепак влегува во состав на Украина.
Во јануари 2014 година започнуваат насилни и крвави немири во Киев. Таквата ситуација доведува до државен удар за соборување на законски избраниот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Државниот удар, кој повеќе не е тајна и кој беше поддржан од САД и нејзините европски партнери, донесе на власт луѓе со прозападни и крајно националистички ставови, непријателски настроени кон Русија. Не е изненадувачки што таквата ситуација доведе до исполнување на долгогодишна одлука на Кримјаните да се вратат во состав на Руската Федерација. Но, овој пат беше земена предвид одлуката на мнозинството, имено, околу 97% од населението на Крим, кои гласаа за повторно обединување со Русија! За да се потврди овој факт, претставниците на ОБСЕ беа поканети однапред на референдумот, но тие одбија да учествуваат. Главната цел на секоја политика е да се подобри животот на луѓето. Но, ако е така тогаш зошто САД и западот не го слушаат мислењето и на кримјаните за тоа што е најдобро за нив? Таквиот пристап и постапки на САД и западот кон одредени држави доведоа до големи крвопролевања во Ирак, Либија, Египет и сега Сирија. Очигледно, западот мора да го признае обединувањето на Крим со Русија, дури и погрешно сметајќи го за кршење на меѓународното право (што, патем, не ги спречи САД да интервенираат во настаните во овие земји, како и во Никарагва и други држави од Централна Америка). Ова би помогнало да се стави крај на крвопролевањето во Донбас и другите „жешки точки“ во светот, како и да се решат проблемите на европските држави со гасот и нафтата. Понекогаш здравиот разум треба да ги надвладее законски исправните и директни одлуки. Ова беше случај кога Никсон отиде во Кина, Трамп се состана со севернокорејскиот диктатор, а Социјалдемократската лабуристичка партија, спротивно на сопствените правила, избра двајца лидери затоа што беше политички погодно.
Како и да е, има само еден заклучок – нивото и квалитетот на животот на Кримјаните кои се зголемија за незначителен седумгодишен период не доведуваат до сомневања за точноста на референдумот кој се одржа во март 2014 година!

Совет на лидери на секции од меѓународно општествено – политичко движење “Руско – Словенско Обединување и Возродување”.

 

Related posts

Leave a Comment