Свет

Протести во Виена против задолжителната вакцинација: Ова е срам за нашата земја

Се собраа околу 44.000 луѓе

Илјадници луѓе повторно се собраа во центарот на Виена денес , по неколку викенди протести низ целата земја, за да протестираат против задолжителната вакцинација против КОВИД-19 и изолацијата на оние кои не сакаат да се вакцинираат.Според проценките на полицијата, се собрале околу 44.000 луѓе.

Во главниот град на Австрија се планирани 24 протестни собири , а десничарската партија на слободата ФПО организира „мега протест“ на два чекора од палатата Хофбург.

Нејзиниот претседател, Херберт Кикл, вети дека ќе ги продолжи протестите се додека „ја притиснеме владата до ѕидот“, пренесуваат медиумите.

„Ова е срам за нашата земја“, „Јас не сум ниту неонацист, ниту хулиган, се борам за слобода и против вакцинација“, „Не за вакцинацискиот фашизам“, пишуваше на транспарентите што ги носеа демонстрантите.

Оваа недела владата ги утврди деталите, законот ќе се применува од февруари 2022 година и ќе важи за сите жители на Австрија на возраст над 14 години. Исклучок ќе бидат оние кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини.

Related posts

Leave a Comment