Засега не е познато дали некој е повреден во ова пукање
Иранските безбедносни сили, наводно, отвориле оган врз антивладините демонстранти во Азади на периферијата на Техеран , јавуваат медиумите.Според објавата на Твитер, пукањето дојде откако протестите се интензивираа низ целата земја.
BREAKING: Iranian security forces open fire on protesters in #Azadi, on the outskirts of #Tehran, this comes as protests have intensified across the country pic.twitter.com/BPaAYHwO2O
— News_Executive (@News_Executive) January 12, 2020
Во клипот објавен на социјалните медиуми се слуша рафален оган огнот, како и гласови на луѓето.
Засега не е познато дали некој е повреден во ова пукање.
За потсетување, синоќа и денес голем број Иранци излегоа на улиците на Техеран, барајќи оставка од врховниот лидер по трагичната воена грешка што случајно го сруши украинскиот патнички авион со 176 патници и членови на екипажот. Никој од авионот не преживеа.