Свет

Путин им порача на руските власти да бидат подготвени за „најлошото сценарио“

Претседателот Владимир Путин изјави денеска дека Русија се соочува со зголемен број пациенти со ХОВИД-19 и мора да се подготви за „најлошото сценарио“.

На видео-состанокот за санитарно-епидемиолошката ситуација, Путин им порача на официјалните лица дека треба да бидат подготвени за прерасподелба на медицинскиот персонал и опремата помеѓу регионите за да се одговори на ситуацијата која брзо се менува.

Тој рече дека тие мора да бидат подготвени за „сите можни сценарија, вклучувајќи ги и најтешките и вонредните“.

Путин им нареди на официјалните лица да ангажираат дополнителен персонал од универзитетите и медицинските училишта.

Русија има вкупно 18.328 заразени од коронавирусот и 148 смртни случаи. Околу две третини од сите случаи се во и околу Москва.

Вицепремиерот Татјана Голикова го извести Путин дека Русија има 40.000 болнички кревети за пациенти со КОВИД-19 и планира да го зголеми нивниот број на 95.000.

Таа рече дека бројот на заразени лица непрестано расте за 16-18 проценти на ден.

Related posts

Leave a Comment