EntertainmentСвет

Рогозин остро кон Илон Маск : Јас упатства добивам од Путин, а не од Вашингтон

Дмитриј Рогозин

Наместо фер битка во космосот, САД би ја казнувале Русија!

Извршниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин и американскиот претприемач, основач на „Спејс икс“ и ко-основач на „Пејпал“ Илон Маск, полемизираа на Твитер за работата на руската корпорација, а Рогозин му рече на Маск дека на Роскосмос не му се потребни никакви упатства од Вашингтон.

Маск напиша дека ракетите на неговата компанија се за повеќе кратна употреба и тоа 80 проценти, додека Руските воопшто не се – и тоа е акутен проблем – додаде тој.

Рогозин на тоа одговори дека Роскосмос ги добил сите упатства во врска со вселенско-ракетниот систем од Претседателот на Русија – Не ни требаат никакви упатства од Вашингтон – рече тој, додавајќи дека токму тука се гледа целиот цинизам и лицемерие на противниците на Русија.

Related posts

Leave a Comment