Свет

Путин и се обрати на нацијата поради вирусот : Прогласи неработна недела, малите и средните претпријатија нема да плаќаат даноци половина година, се преземаат големи олеснувања за граѓаните

 Владимир Путин Фото: Кремlin

Досега во Русија се регистрирани 658 заразени лица, од кои 410 се во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин одлучи дека следната недела, од 28 март до 5 април, нема да биде работна, како граѓаните би останале во своите домови и со тоа да се намали можноста за ширење на вирусот корона. Путин истакна дека сега е најбезбедно да се биде дома, а на граѓаните им се гарантира нивната плата. Аптеките, продавниците и транспортот ќе работат нормално.

Сите социјални придобивки ќе бидат зачувани. Поради прекинување на работата на градинките, ќе се зголемат детските додатоци.

Досега во Русија се регистрирани 658 заразени лица, од кои 410 се во Москва.

Поради моменталната состојба со корона вирусот, ќе се одложи референдумот за промена на уставот и ќе се објави нов датум за него кога ќе се стабилизира ситуацијата.

Ќе биде одложена наплатата на кредитите не само за компаниите, туку и за граѓаните, на кои ќе им се намалат платите за 30 проценти. Исто така, ќе се одложи отплатата на кредитите на оние кои имаат хипотека.Даноците за малите и средните претпријатија ќе бидат одложени.

На граѓаните кои ги загубија своите работни места ќе им се зголеми државната помош од осум на 12 илјади рубли, колку што изнесува минималната загарантирана плата. Путин инсистира на тоа дека нема да се дозволат масовни отпуштања заради вирусот. Тој е свесен дека економијата ќе биде под голем притисок, но им порача на сопствениците на деловните субјекти дека е исклучително важно да се одржи стабилноста на пазарот на трудот.

Путин не ги заборави ветераните, кои во април ќе ја добијат ветената финансиска помош по повод 75-годишнината од победата над фашизмот.Ветени се по 70 илјади рубли, што до неодамна беше илјада евра.

Што се однесува до оние кои имаат големи приходи и заработуваат повеќе од милион рубли, тие во иднина ќе треба да плаќаат данок од 13 проценти.

Related posts

Leave a Comment