Свет

Руски воен конвој носи помош за северна Италија

rusija,, italija,, korona,, pomoc

МОСКВА, РИМ, ФИРЕНЦА – Руски воен конвој носи помош во Бергамо, северна Италија, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

„Конвој со специјална опрема и воени експерти од руското Министерство за одбрана, придружуван од италијански карабиниери, замина од воздухопловната база на италијанските вооружени сили во близина на Рим, во должина од 600 км до Бергамо“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во согласност со наредбата на рускиот претседател Владимир Путин, Министерството за одбрана испрати во Италија повеќе авиони со потребната опрема и експерти – вирусолози и епидемиолози.

Групата експерти, исто така, вклучува специјалисти кои директно учествувале во борбата против ширењето на африканската свинска треска и работеле на развој на вакцини против ебола и чума.

На руските авиони им биле доставени и мобилни уреди за дезинфекција на отворени простори и медицинска опрема.

Related posts

Leave a Comment