Свет

Путин : Кога кај другите ќе се појави хиперсонично оружје, Русија веќе ќе има нешто помодерно

 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека до моментот кога кај другите водечки армии во светот ќе се појави хиперсонично оружје, Русија веќе ќе има нешто ново, бидејќи научниците работат на тоа.

Во интервју за арапските медиуми, Путин посочи дека Русија не може да не биде загрижена за ситуацијата во меѓународната стратешка стабилност и безбедност.

– Ова се очигледни работи. Во 2002 година, Соединетите Држави излегоа од Договорот за противракетна одбрана, што сакам да го истакнам уште еднаш, беше камен темелник на целиот стратешки безбедносен систем во светот, бидејќи го ограничуваше создавањето ракетна одбрана во двете држави. Трамп нема никаква врска со тоа , рече рускиот претседател.

Според него, смислата  беше ниту една земја да нема илузија дека може да победи во нуклеарна војна.

– Тие излегоа од тој договор, обидувајќи се да обезбедат очигледни стратешки предности, верувајќи дека ќе имаат ракетен штит без Русија да го има. И тоа на тој начин ќе стане многу ранлива а дека САД и нивните територии ќе бидат опфатени со системот за противракетна одбрана – рече Путин, додавајќи дека тој им кажал на своите американски колеги дури и тогаш дека Русија сè уште не знаела како ќе работи системот и дека нема да потрош десетици милијарди на него, но дека ќе го одржува стратешкиот баланс.

– Ние произведовме и друго оружје, кое никој во светот го нема засега. Тоа се ракетни комплекси кои не летаат по балистичка, туку по права траекторија, но со хиперсонична брзина. Хиперсонично оружје засега исто така никој не поседува. Тоа, се разбира, ќе се појави во водечките армии во светот, но нешто друго ќе се појави и во нашата држава до тогаш. Веќе знам на што работат нашите научници, дизајнери и инженери “, рече Путин.

Рускиот претседател изјави дека ова доведе до одредена трка во вооружување.

„Тоа е веќе факт, за жал, така е“, додаде Путин.

Related posts

Leave a Comment