Свет

Путин: Спречивме атентат организиран од ЦИА врз рускиот новинар Владимир Соловјев, ги знаеме имињата на агентите

На телеведущего Владимира Соловьева готовилось покушение - Газета.Ru |  Новости

ФСБ ги запре активностите на терористичката група која планирала напади врз угледни руски новинари, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Имено, групата го планирала и убиството на познатиот руски новинар и водител Владимир Соловјев , објави ФСБ.

„ФСБ, заедно со Истражниот комитет на Руската Федерација, уапси група членови на неонацистичката терористичка организација „Националсоцијализам / Бела моќ “, која е забранета во Русија “, соопшти ФСБ.

Оттаму соопштија и дека при претрес на оваа група биле пронајдени молотови коктели, пиштоли, пушки, рани РГД-5, повеќе од илјада чаури од различен калибар, дрога, лажни украински пасоши …

Рускиот претседател истакна и дека руските служби ги знаат имињата на агентите на ЦИА кои ги советуваат украинските неонацисти.

Related posts

Leave a Comment