Свет

ПУТИН СТАНА ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: По самитот со Бајден, тој ја откри својата мрачна животна филозофија на животот – Цитиран Толстој

Рускиот претседател Владимир Путин го канализираше својот внатрешен Бондовски негативец со мрачен коментар по состанокот со американскиот претседател Џо Бајден во Женева.

Кога по средбата новинарите го прашаа дали постои  доверба и среќа помеѓу него и американскиот лидер, Путин одговори: “Не постои среќа во животот, само нејзина илузија . ”

Се верува дека Путин го цитирал рускиот писател Лав Толстој кој му рекол слична работа на неговиот колега Иван Бунин.

Бунин имал 23 години кога се сретнал со Толстој една ледена ноќ во Москва во 1894 година. Авторот на „Војна и мир“ тогаш имал 65 години и му дал совет на младиот колега велејќи му да не очекува премногу од животот.

Коментарот на Путин создаде хаос на социјалните мрежи.

„Тоа е истовремено најруската и најбондовско-злосторничка работа што сум ја слушнал било кој светски лидер“, наведе еден корисник на Твитер.

Related posts

Leave a Comment