Владимир Путин им порача на Русите дека ќе дојде време кога тој ќе го именува својот можен наследник во Кремљ, но истакна дека на крајот тоа ќе остане на гласачите.
Актуелниот мандат на Путин завршува во 2024 година, а неговите изјави внимателно се следат за можни индикации дали планира да го продолжи своето владеење.
Минатата година Русија го смени својот устав, а промената му овозможи на Путин да биде претседател за уште два шестгодишни мандати, потенцијално до 2036 година.
Парламентарните избори се одржуваат во септември оваа година, а властите ги забранија организациите на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.
– Ќе дојде време кога, се надевам, ќе можам да кажам дека таа и таа личност заслужува, според мое мислење, да биде водач на една толку убава земја како Русија, нашата татковина – рече Путин одговарајќи на прашања од граѓаните на Руската државна телевизија.