Македонија

Рамчиловиќ ја напушти Независна пратеничка група на ДПНЕ

 

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ ја напуштил Независна пратеничка група на ДПНЕ. Тој на први месецов писмено го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник.

Тој е предложен да биде нов потпретседател на Законодавниот дом од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ. Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

Рамчиловиќ беше дел од Независна пратеничка група на ДПНЕ заедно со Елизабета Канческа – Милевска, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов и гласаше за промена на уставното име на државата.

Related posts

Leave a Comment