Свет

Штајнмаер жали за европско-руските односи : Германското обединување немаше да се случи без Горбачов

БЕРЛИН – Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер се заблагодари денес во писмото до поранешниот советски лидер Михаил Горбачов за неговата улога во обединувањето на Германија.

Штајнмаер жали за сегашната состојба во европско-руските односи, воочи 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Германскиот претседател напиша дека мирното обединување на Германија и крајот на европските поделби не би било можно без храбрите и хуманите одлуки што лично ги донел Горбачов.

Штајнмаер оцени дека не се исполнети сите надежи од пред три децении, пренесува АП.

„Она што најмногу ме боли е состојбата со германско-руските и европско-руските односи“, рече Штајнмаер, додавајќи дека е важно „да не се препуштиме во отуѓувањето кое порасна во последните години“.

Related posts

Leave a Comment