Свет

Русија ги објави доказите за учество на Хантер Бajден во организирањето на биолаборатории во Украина

Hunter Biden's web of interests | Financial Times

Руското Министерство за одбрана има преписка меѓу синот на претседателот на САД Хантер Бајден и соработниците на Дирекцијата за намалување на заканите на американското Министерство за одбрана и Пентагон во Украина, изјави началникот за радијациона, хемиска и биолошка заштита, Генерал-полковникот на руските вооружени сили Игор Кирилов.

Преписките потврдуваат дека тој одиграл важна улога во изнаоѓањето средства за спроведување експерименти со патогени на територијата на Украина.

– Содржината на писмата покажува дека Хантер Бајден одиграл важна улога во изнаоѓањето финансии за спроведување експерименти со патогени на територијата на Украина. Тој обезбеди средства за компанијата Блек анд Вич и Метабиота – рече Кирилов на брифингот.

Преписките сведочат за …

Според него, објавената кореспонденција сведочи дека вистинските цели на Пентагон во Украина се далеку од научни цели.

– Така, во едно писмо сопственикот на компанијата „Метабиота“ наведува дека дејноста на компанијата ќе биде насочена кон обезбедување „културна и економска независност на Украина од Русија“, што звучи многу невообичаено за биотехнолошка компанија – рече Кирилов.

Министерството за одбрана на Русија објави список на лица кои учествувале во производството на компоненти за биолошко оружје на територијата на Украина. Според Кирилов, една од клучните фигури е Роберт Поуп – соработник на Агенцијата за намалување на заканите на Министерството за одбрана на САД (DTRA) и директор на Заедничката програма за намалување на заканите (позната како програма Нана-Лугара).

– Поуп е автор на идејата да се создаде Централна банка на особено опасни микроорганизми во Киев – подвлече Кирилов.

Кирилов рече дека специјалната руска воена операција во Украина овозможила да се запре работата на пет киевски лаборатории, кои спровеле експерименти со антракс, колера, африканска свинска чума, туларемија и лептоспироза.

Тој наведе дека дел од колекцијата на патогени е извезен во САД, додека други соеви се уништени согласно наредбата на Министерството за здравство на Украина од 24 февруари.

Тестирање на компоненти на биолошкото оружје

– Омаловажувачкиот однос кон граѓаните на Украина одлично се карактеризира со прагматичниот пристап на САД кон организирање воено-биолошки истражувања. На развиените земји се гледа како на полигон за тестирање на компоненти на биолошкото оружје и лекови – рече Кирилов.

Тој наведува дека документите сведочат за фактичко кршење на обврските од страна на Соединетите Американски Држави и Украина од член 4 од Конвенцијата за биолошко оружје и резолуцијата 1540 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 28 април 2004 година.

– Ќе продолжиме со анализа на документи кои сведочат за прекршувањето на американската администрација и киевскиот режим на меѓународните договори за неширење на биолошкото оружје, а наскоро ќе бидат објавени и информации – рече Кирилов.

За американските биолаборатории во Украина

Руското Министерство за одбрана претходно одржа презентација на која се гледа дека САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари за работата на биолошките лаборатории во Украина, кои учествувале во американската воено-биолошка програма и се занимавале, меѓу другото, со причинителите за чумата и антракс.

На територијата на Украина е формирана мрежа од повеќе од 30 биолошки лаборатории, кои работеле во интерес на Пентагон, изјави претходно началникот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов. Сè за продолжување на американската воено-биолошка програма веќе е отстрането од Украина по почетокот на специјалната воена операција во Русија, објасни тој.

Related posts

Leave a Comment