Свет

Русија ги предупреди САД за стигнување до „точка од која нема враќање“ во билатералните односи

Русија ги предупреди САД дека стигнал до точката од која нема враќање, по што е можно прекинување на дипломатските односи , изјави во интервју за Тасс , Александар Дарчиев, директор на Северноамериканскиот оддел на руското Министерство за надворешни работи .

Дипломатот беше прашан дали се разгледува можноста за намалување на дипломатските односи меѓу Москва и Вашингтон. „Не би сакал да навлегувам во хипотетички шпекулации за тоа што е можно, а што не е можно во сегашната турбулентна ситуација, кога западњаците на чело со САД го погазија меѓународното право и апсолутните табуа во дипломатската пракса“, рече Дарчиев. „Во овој контекст, би сакал да ја споменам законодавната иницијатива за која моментално се дискутира во Конгресот за прогласување на Русија за „држава спонзор на тероризмот“. Доколку биде усвоен, тоа би значело дека Вашингтон ќе мора да ја премине точката од која нема враќање; најсериозната колатерална штета на билатералните дипломатски односи, до нивно намалување или дури и прекинување. Американската страна е предупредена“, нагласи Дарчијев.

Тој додаде дека секое евентуално одземање на руски имот од страна на Соединетите држави целосно ќе ги уништи билатералните односи на Москва со Вашингтон, пренесува Ројтерс . „Ги предупредуваме Американците на штетните последици од ваквите постапки кои трајно ќе ги нарушат билатералните односи, што не е ниту во нивен ниту наш интерес“, изјави Александар Дарчиев за Тасс . Засега не е јасно за кој имот се однесува. Дарчиев рече и дека влијанието на САД врз Украина пораснало до тој степен што „Американците се повеќе стануваат директна страна во конфликтот“.

Related posts

Leave a Comment