Свет

Русија: Можна ескалација поради влезот на Финска во НАТО

Русија: Можна ескалација поради влезот на Финска во НАТО

Руската државна новинска агенција РИА ја пренесе изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков дека „влегувањето на Финска во НАТО е уште едно влошување на ситуацијата, а проширувањето на алијансата е навлегување во безбедноста на Русија“.

 

Тој изјави дека оваа ситуација значително се разликува од проблемот со Украина бидејќи Финска никогаш не била против Русија, пишува The Guardian.

Песков, исто така, рече дека структурата на НАТО е непријателска кон Русија и дека Москва ќе биде принудена да преземе контрамерки за да ја обезбеди безбедноста на Русија.

Да потсетиме, Финска денеска ќе влезе во НАТО, проширувајќи ја одбранбената алијанса на 31 членка по надминувањето на противењето на Турција. Според медиумите таа го поднела барањето заедно со Шведска во мај 2022 година, по руската инвазија на Украина.

Турција продолжува да ја блокира кандидатурата на Шведска за членство поради низа спорни прашања, вклучително и загриженоста на Анкара поради, како што вели, недостигот на соработка во борбата против тероризмот. Членките на НАТО мора едногласно да се согласат да примат нови земји.

Related posts

Leave a Comment